Wednesday, March 15, 2017

ВНАТРЕШНИ БОРБИ ВО РИМСКАТА ДРЖАВА

1.Напиши состав: „Гладијаторите во Римската држава„ одговарајки на овие прашања: Кои биле гладијаторите? Што знаеш за нивниот живот? Зошто се кренале на востание? Кој бил Спартак? Како завршило востанието на Сапртак?

2.Размисли и одговори:
Кои биле причините за слабеење на Римската држава?

3.Кои луѓе се викале колони? Зошто тие земале земја под наем?

Tuesday, April 5, 2016

РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ДЕЈЦИ НА МРО

Во Македонската револуционерна организација беа вклучени мнозина македонски интелектуалци. Ним им се придружија  и голем број други борци за слобода. Но со текот на времето, според залагањата, револуционерната подготвеност и ангажирања, некои од нив посебно го наметнаа својот авторитет. Мнозина од нив станаа  народни јунаци, во кои народот ја гледаше  надежта за подобра иднина. Уште додека беа живи за нив се пренесуваа преданија, а за позначајните  подвизи народот ги воспеваше во народни песни.
Од мноштвото истакнати дејци на Организацијата, посебно значајни се револуционерите: Гоце Делчев, Даме Груев, Петар Попарсов, Ѓорче Петров, Пере Тошев, и Јане Сандански

Роден е во 4 февруари  1872 година во кукушкото семејство Делчеви  се родило првото машко дете инаку трето по ред од вкупно деветте деца на Султана и Никола.
Гоце основното училиште го завршил во родниот Кукуш. Потоа извесно време  работел во една кукушка бакалница  и во гостилницата на татко му Никола, по што образованието го продолжил во Солунската машка гимназија. Живеел во училишниот интернат, и читал  доста книги со револуционерна и филозофска содржина. Бил член на училишниот таен револуционерен кружок.
Во летото 1891 година се запишал во Военото училиште во Софија, но поради сомнение дека чита  и растура литература  со напредни идеи  бил исклучен од училиштето.
Во есента 1894 година добил учителско место  во штипско Ново Село каде што веќе работел Даме Груев. Тука влегол во редовите на Македонската Револуционерна Организација  и активно се вклучил во проширувањето на организационата мрежа  во околните градови и села.
Мошне значајна е Делчевата дејност идното лето кога во Солун  се одржал конгрес на организацијата. Заедно со Ѓорче Петров се ополномоштени да изработат Устав и Правилник, на Организацијата.
Станал голем револуционер, во 1901 година  формирал своја чета  со која го остварил т.н "Голем поход на Делчев во централна, западна и јужна Македонија"
За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономија или целосно ослободување на Македонија од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.
Во почетокот на 1903 со својата чета ги обиколил Серско и Струмичко. Во април истата година патувал за Солун  со цел да го разубеди Даме Груев  да го смени  решението за кревање  на предвремено и недоволно подготвено востание во Македонија. Не успевајќи во тоа, доста разочаран, на враќање, за да земе учество  на Серскиот окружен конгрес, предаден,  херојски загинал на 4 мај 1903 година кај селото Баница.


Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација. Роден е во 1872 година во с. Влахи (Пирински дел од Македонија) Неговиот татко бил знаменосец во една од четите за време на Кресненското востание. Сандански со својата чета ја киднапира (пленува) американската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. Целата акција таела 6 месеци. за да ја ослободат барале сума од 25 000 турски лири, На 31 јануари 1902 бил платен откуп од 14 500 лири. Учествувал во Илинденското Востание, по Младотурската револуција учествува во формирањето на Народнофедеративната партија. Учествува и во првата балканска војна. Бил убиен во заседа на Пирин планина на 20 април 1915 година.

Роден е во 1868 година во с. Богомила велешко, Се школувал во гимназијата во Солун. По  исклучувањето  го продолжува школувањето во Белград. Основач е на Младата македонска книжевна дружина во Софија. Работи како професор по литература во повеќе градови во Македонија. Еден е од основачите на МРО во Солун, и го изработил првиот устав  на Организацијата. Поради револуционерната дејност уапсен е и осуден на 101 година затвор. По неколку години во заточеништво е ослободен и е избран за  задграничен преставник на Организацијата. По Младотурската револуција  се враќа во Македонија  и станува еден од организаторите на  Народнофедеративната партија. Се залага за изградување на независна македонска црква. Бил непомирлив борец  за самостојна и независна Македонија. Починал во Софија во 1941 година.


Роден е во село Варош Прилепско во 1865 година. Завршил гимназија, а потоа учителствува во повеќе градови во Македонија. Заедно со Гоце Делчев  го изработил Уставот и Правилникот на ТМОРО. Бил против предвремено кревање на Илинденското востание, но на чело на голема чета учествувал во него. Учествува во работата на повеќе конгреси на организацијата. Во 1919 година  станува еден од организаторите на Привременото преставништво на бившата ВМРО. Горче се занимавал и со публицистичка  дејност. Ги објавил книгитеМатеријали за проучувањето на Македонија, и Македонското дело на бугарска почва.Бил убиен во софија 1921 година од  платеници на Бугарскиот двор.




Роден е во с.Смилево Битолско, во 1871 година. Син на сиромашен ѕидар печалбар. Се школува во гимназијата во Солун, од каде бил исклучен , бидејќи барал  да им се предава на домачен македонски дијалект.  Образованието го продолжува во Белград и Софија. Во Софија бил затворен и исклучен од факултетот, па се вратил во татковината  и по негова иницијатива е формирана МРО, а тој станал нејзин Секретар.
Учителствувал во Штип, заедно со својот најблизок пријател и соборец Гоце Делчев, а потоа е назначен за училишен испектор во Солунско. Како професор во Битола го раководи  Битолскиот револуционерен округ. Бил член на главниот штаб на Илинденското востание,и еден од тројцата рамноправни  членови на раководтсвото на Илинденското востание. По востанието работел за зацврстување  на Организацијата. Загинал во борба со османлиската војска  кај село Русиново Малешевско

Роден е во Прилеп 1865 година , се школува во повече градови на Македонија, а потоа бил учител во Прилеп, Битола и Солун. еден е од најистакнатите дејци на МРО и основач на Битолскиот револуционерен округ. Иако е против предвремено кревање на илинденското востание активно учествува во него. По востанието ја продолжува револуционерната дејност, а на Рилскиот конгрес бил прифате неговиот правилник на ВМРО. По Младотурската револуција работи како  училишен инспектор во солунскиот вилает. Бил убиен од Турците во Дреновската клисура при неговото враќање во родниот град во 1912 година. 







Monday, March 21, 2016

ВОСТАНИЕТО НА СПАРТАК

Од 74 до 71 година пне,  на Апенинскиот полуостров се одвивало големо востание на робовите. Го започнале гладијаторите под водство на способниот гладијатор Спартак. Тој бил од Тракија и истакнувајки се со својата способност, бил одреден да ги вежба  гладијаторите во  гладијаторското училиште во Капуа

        

Востанието започнало со бегство на околу 70 робови гладијатори на планината Везув. Подоцна на нив им се придружиле и мноштво други робови и  незадоволни селани, па се зголемил бројот на над  60 000  востаници. Спартак востаничката војска ја организирал и извежбал по углед на римската, а оружје се стекнувало во битките.  По почетните успеси востанието се  проширило во цела Јужна Италија. Римјаните очекувале напад на Рим. Но намерата на востаниците била  да заминат кон своите родни краеви и да ја напуштат Италија. Робовите по потекло од Апенинскиот полуостров се спротиставиле на тие планови. Тие сакале борба за здобивање на лична слобода и земја, и да им биде признато правото на римски граѓанин. Подвоеноста и  недоразбирањата ги ослабнале силите на  востаниците. Спартак се откажал од напуштањето на Италија, а командантот на Риимската војска Марко Крас со една победа го пресекол  патот на востаниците  кон Сицилија. Во  71 година пне се одиграла решавачката битка . Робовите биле поразени. Спартак се борел храбро како што и живеел. Ранет во ногата, се борел клечејќи додека не бил убиен. Околу 6ооо  заробени робови биле  за пример  распнати на крстови  на патот од Капуа до Рим. Така со страотни последици завршило ова најмасовно робовскао востание во светската историја.

ЗАПОМНИ!
Во римската држава во најтешка положба се наоѓале робовите, посебно гладијаторите. Најголемотото робовско востание во светската историја, било востанието на Спартак од 74 до 71 година пне, кое завршило без успех.



Tuesday, February 16, 2016

ГОЛЕМИТЕ ГЕОГРАФСКИ ОТКРИТИЈА

Новите технички откритија и развојот на морепловството
Уште во стариот век богатите азиски земји (Кина, Индија и др.) станале привлечни за Европските трговци. Во средниот век овој интерес уште повеќе се зголемил. Посебно привлечни азиските земји станале по патувањата на венецијанецот Марко Поло во XIII век. Меѓутоа, со  освојувањето на Мала азија и Балканскиот Полуостров од турците -Османлии, за европските трговци биле прекинати  сите патишта. Тоа било причина да се засили интересот за откривање на поморски патишта  за продолжување на трговските врски со азиските земји. 
Во текот на XIV и XV век биле откриени повеќе нови технички пронајдоци кои го олесниле пловењето по отворено море. Бил конструиран  нов тип на брод, наречен -каравела, со повеќе јарболи и едра, отпорен на големите морски бранови, и со голем број на морнари. За посигурна пловидба од големо значење било и пронаоѓањето  на најпотребните поморски инструменти: компасот, географската карта, барутот, огненото оружје и друго.
        ЗАДАЧА: 
Што било причина во Европа да се засили интерсот за откривање на поморските патишта за трговија со богатите азиски земји?
Кои технички пронајдоци го олесниле пловењето по отворено море?

ОТКРИВАЊЕТО НА АМЕРИКА
Меѓу најголемите географки откритија е откривањето на новиот континент Америка. За тоа најзаслужен бил ѓеновјанскиот морепловец Христофор Колумбо.
Тој издејствувал  од шпанската кралица Изабела помош за реализирање на долгоподготвуваната експедиција. Со три бродови каравели (Санта Марија, Ниња и Пинта),  и 90 морнари Колумбо во 1492 година ја напуштил Шпанија и по тешка и долготрајна пловидба  во октомври, истата година  пристигнал на островот Гванахана, кој го нарекол Сан Салвадор. По откривањето на островите Хаити и Куба , Колумбо се вратил во Шпанија со верување дека ја открил Индија, па затоа и жителите ги нарекол Индијанци. Починал во 1506 година не дознавајќи дека го открил новиот Американски континент. Подоцна морепловецот од Фиренца Америго Веспучи по докажал Колумбовото откритие не се однесува  на Индија туку на нов континент, кој по него бил наречен Америка.

            ЗАДАЧА:
Опиши го откривањето на Америка од страна на Христофор Колумбо.
По кој морепловец  новооткриениот континен бил наречен Америка?


Откривањето на поморскиот пат за Индија и првото патување околу светот
Кон крајот на XV век португалскиот морепловец Бартоломеј Дијаз движејќи се околу Африка дошол до нејзиниот јужен дел и се запрел до таможнио ’рт кој бил наречен ’Рт на добра надеж. Со тоа не престанал интересот на португалците за Индија. Во 1498 година морепловецот Васко де Гама со своите три брода, чијашто посада ја сочинувале главно затвореници стигнал до Индија.
Понесен од новите географски откритија, португалскиот морепловец Фернандо Магелан во 1519 година го започнал своето прво патување околу светот. Иако Магелан целосно не го реализирал своето патување (бил убиен на Филипините) сепак неговите придружнициво 1522 година  успеале да се вратат во Шпанија и да потврдат дека Земјата има тркалезен облик.
       ЗАДАЧА:
Опиши ги поморските патишта откриени од Бартоломеј Дијаз и од Васко де Гама.
Опиши го Магелановото патување околу светот.

Значење на големите откритија
Големите географски откритија придонеле за побр развиток на западноевропските градови, кои станале големи трговски центри. Европските трговци од новооткриените територии носеле: злато, сребро, зачини. 
Почнало населување-колонизирање на Америка. Оттаму во Европа биле донесени нови, дотогаш непознати земјоделски култури: компир, пченка, тутун, какао и друго, а на американското копно почнале да се одгледуваат: памук, лоза, ’рж , како и повеке видови на добиток.
      ЗАДАЧА:
Каково значење имале географските откритија за развојот на европските земји?



Каравелите со кои пловел Христофор Колумбо: 
Санта Марија, Ниња и Пинта