Во Македонската револуционерна организација беа вклучени мнозина македонски интелектуалци. Ним им се придружија и голем број други борци за слобода. Но со текот на времето, според залагањата, револуционерната подготвеност и ангажирања, некои од нив посебно го наметнаа својот авторитет. Мнозина од нив станаа народни јунаци, во кои народот ја гледаше надежта за подобра иднина. Уште додека беа живи за нив се пренесуваа преданија, а за позначајните подвизи народот ги воспеваше во народни песни.
Од мноштвото истакнати дејци на Организацијата, посебно значајни се револуционерите: Гоце Делчев, Даме Груев, Петар Попарсов, Ѓорче Петров, Пере Тошев, и Јане Сандански
Роден е во 4 февруари 1872 година во кукушкото семејство Делчеви се родило првото машко дете инаку трето по ред од вкупно деветте деца на Султана и Никола.
Роден е во 4 февруари 1872 година во кукушкото семејство Делчеви се родило првото машко дете инаку трето по ред од вкупно деветте деца на Султана и Никола.
Гоце основното училиште го завршил во
родниот Кукуш. Потоа извесно време
работел во една кукушка бакалница
и во гостилницата на татко му Никола, по што образованието го продолжил
во Солунската машка гимназија. Живеел во училишниот интернат, и читал доста книги со револуционерна и филозофска
содржина. Бил член на училишниот таен револуционерен кружок.
Во летото 1891 година се запишал во
Военото училиште во Софија, но поради
сомнение дека чита и растура
литература со напредни идеи бил исклучен од училиштето.
Во есента 1894 година добил учителско
место во штипско Ново Село каде што веќе
работел Даме Груев. Тука влегол во редовите на Македонската Револуционерна
Организација и активно се вклучил во
проширувањето на организационата мрежа
во околните градови и села.
Мошне значајна е Делчевата дејност
идното лето кога во Солун се одржал
конгрес на организацијата. Заедно со Ѓорче Петров се ополномоштени да
изработат Устав и Правилник, на Организацијата.
Станал голем револуционер, во 1901
година формирал своја чета со која го остварил т.н "Голем поход на
Делчев во централна, западна и јужна Македонија"
За време на честите
обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и
цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономија или
целосно ослободување на Македонија од османлиското ропство и создавање на
независна македонска држава.
Во почетокот на 1903 со својата чета
ги обиколил Серско и Струмичко. Во април истата година патувал за Солун со цел да го разубеди Даме Груев да го смени
решението за кревање на
предвремено и недоволно подготвено востание во Македонија. Не успевајќи во тоа,
доста разочаран, на враќање, за да земе учество
на Серскиот окружен конгрес, предаден,
херојски загинал на 4 мај 1903 година кај селото Баница.
Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација. Роден е во 1872 година во с. Влахи (Пирински дел од Македонија) Неговиот татко бил знаменосец во една од четите за време на Кресненското востание. Сандански со својата чета ја киднапира (пленува) американската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. Целата акција таела 6 месеци. за да ја ослободат барале сума од 25 000 турски лири, На 31 јануари 1902 бил платен откуп од 14 500 лири. Учествувал во Илинденското Востание, по Младотурската револуција учествува во формирањето на Народнофедеративната партија. Учествува и во првата балканска војна. Бил убиен во заседа на Пирин планина на 20 април 1915 година.
Роден е во 1868 година во с. Богомила велешко, Се школувал во гимназијата во Солун. По исклучувањето го продолжува школувањето во Белград. Основач е на Младата македонска книжевна дружина во Софија. Работи како професор по литература во повеќе градови во Македонија. Еден е од основачите на МРО во Солун, и го изработил првиот устав на Организацијата. Поради револуционерната дејност уапсен е и осуден на 101 година затвор. По неколку години во заточеништво е ослободен и е избран за задграничен преставник на Организацијата. По Младотурската револуција се враќа во Македонија и станува еден од организаторите на Народнофедеративната партија. Се залага за изградување на независна македонска црква. Бил непомирлив борец за самостојна и независна Македонија. Починал во Софија во 1941 година.
Роден е во село Варош Прилепско во 1865 година. Завршил гимназија, а потоа учителствува во повеќе градови во Македонија. Заедно со Гоце Делчев го изработил Уставот и Правилникот на ТМОРО. Бил против предвремено кревање на Илинденското востание, но на чело на голема чета учествувал во него. Учествува во работата на повеќе конгреси на организацијата. Во 1919 година станува еден од организаторите на Привременото преставништво на бившата ВМРО. Горче се занимавал и со публицистичка дејност. Ги објавил книгитеМатеријали за проучувањето на Македонија, и Македонското дело на бугарска почва.Бил убиен во софија 1921 година од платеници на Бугарскиот двор.
Роден е во с.Смилево Битолско, во 1871 година. Син на сиромашен ѕидар печалбар. Се школува во гимназијата во Солун, од каде бил исклучен , бидејќи барал да им се предава на домачен македонски дијалект. Образованието го продолжува во Белград и Софија. Во Софија бил затворен и исклучен од факултетот, па се вратил во татковината и по негова иницијатива е формирана МРО, а тој станал нејзин Секретар.
Учителствувал во Штип, заедно со својот најблизок пријател и соборец Гоце Делчев, а потоа е назначен за училишен испектор во Солунско. Како професор во Битола го раководи Битолскиот револуционерен округ. Бил член на главниот штаб на Илинденското востание,и еден од тројцата рамноправни членови на раководтсвото на Илинденското востание. По востанието работел за зацврстување на Организацијата. Загинал во борба со османлиската војска кај село Русиново Малешевско
Роден е во Прилеп 1865 година , се школува во повече градови на Македонија, а потоа бил учител во Прилеп, Битола и Солун. еден е од најистакнатите дејци на МРО и основач на Битолскиот револуционерен округ. Иако е против предвремено кревање на илинденското востание активно учествува во него. По востанието ја продолжува револуционерната дејност, а на Рилскиот конгрес бил прифате неговиот правилник на ВМРО. По Младотурската револуција работи како училишен инспектор во солунскиот вилает. Бил убиен од Турците во Дреновската клисура при неговото враќање во родниот град во 1912 година.