Tuesday, February 16, 2016

ГОЛЕМИТЕ ГЕОГРАФСКИ ОТКРИТИЈА

Новите технички откритија и развојот на морепловството
Уште во стариот век богатите азиски земји (Кина, Индија и др.) станале привлечни за Европските трговци. Во средниот век овој интерес уште повеќе се зголемил. Посебно привлечни азиските земји станале по патувањата на венецијанецот Марко Поло во XIII век. Меѓутоа, со  освојувањето на Мала азија и Балканскиот Полуостров од турците -Османлии, за европските трговци биле прекинати  сите патишта. Тоа било причина да се засили интересот за откривање на поморски патишта  за продолжување на трговските врски со азиските земји. 
Во текот на XIV и XV век биле откриени повеќе нови технички пронајдоци кои го олесниле пловењето по отворено море. Бил конструиран  нов тип на брод, наречен -каравела, со повеќе јарболи и едра, отпорен на големите морски бранови, и со голем број на морнари. За посигурна пловидба од големо значење било и пронаоѓањето  на најпотребните поморски инструменти: компасот, географската карта, барутот, огненото оружје и друго.
        ЗАДАЧА: 
Што било причина во Европа да се засили интерсот за откривање на поморските патишта за трговија со богатите азиски земји?
Кои технички пронајдоци го олесниле пловењето по отворено море?

ОТКРИВАЊЕТО НА АМЕРИКА
Меѓу најголемите географки откритија е откривањето на новиот континент Америка. За тоа најзаслужен бил ѓеновјанскиот морепловец Христофор Колумбо.
Тој издејствувал  од шпанската кралица Изабела помош за реализирање на долгоподготвуваната експедиција. Со три бродови каравели (Санта Марија, Ниња и Пинта),  и 90 морнари Колумбо во 1492 година ја напуштил Шпанија и по тешка и долготрајна пловидба  во октомври, истата година  пристигнал на островот Гванахана, кој го нарекол Сан Салвадор. По откривањето на островите Хаити и Куба , Колумбо се вратил во Шпанија со верување дека ја открил Индија, па затоа и жителите ги нарекол Индијанци. Починал во 1506 година не дознавајќи дека го открил новиот Американски континент. Подоцна морепловецот од Фиренца Америго Веспучи по докажал Колумбовото откритие не се однесува  на Индија туку на нов континент, кој по него бил наречен Америка.

            ЗАДАЧА:
Опиши го откривањето на Америка од страна на Христофор Колумбо.
По кој морепловец  новооткриениот континен бил наречен Америка?


Откривањето на поморскиот пат за Индија и првото патување околу светот
Кон крајот на XV век португалскиот морепловец Бартоломеј Дијаз движејќи се околу Африка дошол до нејзиниот јужен дел и се запрел до таможнио ’рт кој бил наречен ’Рт на добра надеж. Со тоа не престанал интересот на португалците за Индија. Во 1498 година морепловецот Васко де Гама со своите три брода, чијашто посада ја сочинувале главно затвореници стигнал до Индија.
Понесен од новите географски откритија, португалскиот морепловец Фернандо Магелан во 1519 година го започнал своето прво патување околу светот. Иако Магелан целосно не го реализирал своето патување (бил убиен на Филипините) сепак неговите придружнициво 1522 година  успеале да се вратат во Шпанија и да потврдат дека Земјата има тркалезен облик.
       ЗАДАЧА:
Опиши ги поморските патишта откриени од Бартоломеј Дијаз и од Васко де Гама.
Опиши го Магелановото патување околу светот.

Значење на големите откритија
Големите географски откритија придонеле за побр развиток на западноевропските градови, кои станале големи трговски центри. Европските трговци од новооткриените територии носеле: злато, сребро, зачини. 
Почнало населување-колонизирање на Америка. Оттаму во Европа биле донесени нови, дотогаш непознати земјоделски култури: компир, пченка, тутун, какао и друго, а на американското копно почнале да се одгледуваат: памук, лоза, ’рж , како и повеке видови на добиток.
      ЗАДАЧА:
Каково значење имале географските откритија за развојот на европските земји?



Каравелите со кои пловел Христофор Колумбо: 
Санта Марија, Ниња и Пинта