ДОАЃАЊЕТО НА БУГАРИТЕ И СОЗДАВЊЕТО НА ДРЖАВАТА
Во периодот од крајот на VI до средината на VII век и територијата меѓу реката Дунав и Стара Планина била населена од Словените. На оваа територија, која подоцна станала средиште на бугарската држава, се населиле повеќе словенски племиња. Од нив познати се Северјаните и група обединети племиња во сојуз познат како Сојуз на седумте племиња. Староседелците Тракијци, постепено биле претопени од побројното словенско население.
Од втората половина на VII век се засилил процесот на обединување на словенските племиња во единствена држава. Но овој процес на обединување на словенските племиња, бил прекинат со доаѓањето на Бугарите (кои дошле од северното крајбрежје на Црно море).
Опасноста од Византија го натерала „Сојузот на седумте племиња„ заеднички да војуваат со Бугарите. Како резултат на тоа дошло до потесно зближување на Словените и Бугарите, и создавање на словенско-бугарска држава. Во 681 година Византија ја признала словенско-бугарската држава, а на нејзино чело застанал ханот Аспарух.
Градот Плиска станал престолнина на Бугарија. Словенските племиња го сочинувале мнозинството од населението, а Бугарите биле малцинство. Бугарите постепено се слеале со словенското население, а го наметнале своето име, и државата била наречена Бугарија.
Градот Плиска станал престолнина на Бугарија. Словенските племиња го сочинувале мнозинството од населението, а Бугарите биле малцинство. Бугарите постепено се слеале со словенското население, а го наметнале своето име, и државата била наречена Бугарија.
ПРОШИРУВАЊЕТО НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА
Од почетокот словенско-бугарската држава главно водела одбрамбени војни со Византија. Со доаѓањето на престолот на ханот Крум, Бугарија почнала да ги шири границите. Тој ги поразил Византиците и ја освоил Софија. Границите на Бугарија ги проширил во Тракија до Стра планина. За време на владеењето на кнезот Борис Бугарската држава се проширила на поголемиот дел од Македонија, Србија и Јужна Албанија. За време владеењето на кнезот Симеон, Бугарите воделе војна со Унгарците, Србите и Византија. Тој ги проширил границите на својата држава за сметка на Византија. По големите територијални придобивки Симеон се прогласил за цар во 913 година. Неговиот син Петар кој го наследил на престолот во 927 година, склучил договор за мир со Византија и ја принудил да му плаќа данок. Петар бил признат за цар од византискиот император, со што Византија и официјално го признала Првото Бугарско Царство со престолнина во Преслав. По неговата смрт Борис II бил немоќен да ја зачува државата. Бугарија била нападната од Русите, а Византискиот цар ги протерал русите и го заробил царот Борис II. Со тоа пропаднало Бугарското Царство.
ЗАДАЧА!
1. Кои словенски племиња се населиле на територијата на денешна Бугарија кон крајот на VI и почетокот на VII век?
2.Кое староседелско насаеление го затекнале Словените на просторот меѓу Дунав и Стара Планина?
3. Во втората половина на VII век Словените во Бугарија биле нападнати од Бугарите. Опиши го нивното потекло.
4. Зошто Бугарите го примиле христијанството?
This comment has been removed by the author.
ReplyDelete