Sunday, November 30, 2014

БОГОМИЛСКОТО ДВИЖЕЊЕ

Појава на богомилското учење
За прв пат богомилското движење се појавило во првата половина на X век  кога поголемиот дел на Македонија се наоѓал под бугарска власт на чело со бугарскиот цар Петар. Главен проповедник и водач на богомилите во Македонија бил  попот Богомил. Неговата дејност  главно се одвивала во велешко-прилепските краишта.

Богомилите го добиле името според основачот на движењето попот Богомил. така се нарекувале  затоа што сметале дека му биле мили на Бога, што значи Бого-мили.
Селото Богомила (Велешко) се поврзува со родното место на попот Богомил.
Планината Бабуна и реката Бабуна исто така се поврзуваат со богомилите бидејќи тие биле познати и под името бабуни. Богомилите биле прогонувани и од државата и од црквата, па затоа се собирале и се криеле  во пештерите кај село Нежилово.

Учењето и организацијата на Богомилите
Богомилите  верувале и ги учеле своите следбеници дека во природата постојат и се  борат две сили доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто. Лошата сила го преставувала  ѓаволот (творецот на земниот свет) а добрата Бог.
Според богомилите црквата е дело на ѓаволот и не ја признавале. Не ги признавале крстот, иконите, црквите манастирите, верските празници и тн. Ја признавале само молитвата Оче наш. Биле против државата и богатите  кои живееле раскошен живот. Поради ваквите свои ставови богомилите биле прогонувани од држават и црквата.
Тие учеле  дека во животот треба да се биде скромен, јаделе само растителна храна,  а јадењето месо и пиењето вино било строго забрането. Тоа го сметале за дело на ѓаволот.

Богомилите биле организирани во религиозни општини,  Општините се грижеле  за животот во заедницата и за зголемување на бројот на приврзаници. На чело на општините се наоѓал  најстариот и најугледниот член наречен дедо или дедец.  Богомилите се делеле на совршени (кои не се женеле и строго се придржувале на богомилските правила) и  обични богомили слушатели, верувачи кои не се придржувале на строгите богомилските правила.

ШИРЕЊЕ НА БОГОМИЛСТВОТО
Од Македонија богомилското движење се проширило  и  во дрѕгите балкански  и европски земји: Во Босна биле познати под името патарени, во Италија-катари, во Франција-албигојци. Уште во XI век богомилството ја зафатило и Мала Азија познати како торбоносци.
Во времето на Византискиот цар Алексиј I Комнен  богомилството се раширило  и на византискиот двор. Попот Василиј, водачот на богомилите бил запален на клада.

Запомни!
Богомилството се појавило во Македонија  во првата половина на X век и за средиште ги имало Велешко прилепските краишта.
На чело на богомилите соел попот Богомил
Богомилите верувале дека постојат две сили во природата кои се борат меѓу себе: доброто и злото 
Живееле во религиозни општини  на чело со најстариот и најугледниот член наречен дедо или дедец.



непознат збор: клада (Голем оган на определено место за јавно палење на осудени на смрт) 




Wednesday, November 26, 2014

ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА (1939-1945)

Втората светска војна е глобален вооружен конфликт што почнал на 1 септември 1939 во Европа  и траел до 9 мај 1945  со капитулацијата на Германија.  Речиси сите земји што биле вклучени во Првата Светска војна биле инволвирани и во Втората Светска Војна. Таа е најголемиот  вооружен конфликт  во светската историја.Избувнала како последица на спротивностите помеѓу големите сили.
Повод за почеток на војната во европа  било одбивањето на Полска, градот Данцинг на барање на Хитлер да и биде отстапен на Германија.На 1 септември 1939 Хитлер ја започнал германската инвазија со започнување на Блицкриг кампања врз Полска со што започнала војната во Европа


Напредокот на силите на Оската во 1940 година (во сина боја) во Европа.

ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА (1939-1945)
1. Причини за почеток на Втората светска војна
-фашизмот во Германија
-решенијата на Версајската конференција
-желбата за нова поделба на светот
-создавњето на воени блокови
-спротивностите меѓу големите империјалистички земји
2.Освојувањето на Фашистичките земји до почетокот на Втората светска војна
-Италија ја окупирала Етиопија
-Јапонија ја нападнала кина
-Германија ја присоединила Австрија и ја окупирала Чехословачка
3.Почеток на војната
-Втората светска војна започнала со напад врз Полска на 1 септември 1939 година
-април 1940 Германија ги нападнала Данска и Норвешка
-мај 1940 Германија ја нападнала Франција
-22 јуни 1941 Германија го нападнала СССР (планот Барбароса)
4. Тек на војната (1942-45)
-битката кај Сталинград - пресвртница во војната
-капитулацијата на Италија (8 септември 1943)
-успесите на пацификот
-пробивот на Источниот фронт
-денот Д (операција Оверлорд) Инвазијата на Нормандија
5. Капитулација на Германија и Јапонија
6. Последици од војната





Monday, November 10, 2014

НАСЕЛУВАЊЕ НА СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Од крајот на VI до средината на VII век целата територија на Македонија без Солун, била населена од Словените. Словенската колонизација во Македонија  била проследена со уништување  на македонските градови. За да се спасат од нападите, староседелците  ги напуштале градовите  и селата  и бегале во подобро утврдените  градови.
Во триесетите години на VII  век целата територија на македонија била населена со словенски племиња. Словенските племиња основале свои области кои се нарекувале склавинии. На чело на склавиниите стоеле племенски старешини-кнезови.