Sunday, November 30, 2014

БОГОМИЛСКОТО ДВИЖЕЊЕ

Појава на богомилското учење
За прв пат богомилското движење се појавило во првата половина на X век  кога поголемиот дел на Македонија се наоѓал под бугарска власт на чело со бугарскиот цар Петар. Главен проповедник и водач на богомилите во Македонија бил  попот Богомил. Неговата дејност  главно се одвивала во велешко-прилепските краишта.

Богомилите го добиле името според основачот на движењето попот Богомил. така се нарекувале  затоа што сметале дека му биле мили на Бога, што значи Бого-мили.
Селото Богомила (Велешко) се поврзува со родното место на попот Богомил.
Планината Бабуна и реката Бабуна исто така се поврзуваат со богомилите бидејќи тие биле познати и под името бабуни. Богомилите биле прогонувани и од државата и од црквата, па затоа се собирале и се криеле  во пештерите кај село Нежилово.

Учењето и организацијата на Богомилите
Богомилите  верувале и ги учеле своите следбеници дека во природата постојат и се  борат две сили доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто. Лошата сила го преставувала  ѓаволот (творецот на земниот свет) а добрата Бог.
Според богомилите црквата е дело на ѓаволот и не ја признавале. Не ги признавале крстот, иконите, црквите манастирите, верските празници и тн. Ја признавале само молитвата Оче наш. Биле против државата и богатите  кои живееле раскошен живот. Поради ваквите свои ставови богомилите биле прогонувани од држават и црквата.
Тие учеле  дека во животот треба да се биде скромен, јаделе само растителна храна,  а јадењето месо и пиењето вино било строго забрането. Тоа го сметале за дело на ѓаволот.

Богомилите биле организирани во религиозни општини,  Општините се грижеле  за животот во заедницата и за зголемување на бројот на приврзаници. На чело на општините се наоѓал  најстариот и најугледниот член наречен дедо или дедец.  Богомилите се делеле на совршени (кои не се женеле и строго се придржувале на богомилските правила) и  обични богомили слушатели, верувачи кои не се придржувале на строгите богомилските правила.

ШИРЕЊЕ НА БОГОМИЛСТВОТО
Од Македонија богомилското движење се проширило  и  во дрѕгите балкански  и европски земји: Во Босна биле познати под името патарени, во Италија-катари, во Франција-албигојци. Уште во XI век богомилството ја зафатило и Мала Азија познати како торбоносци.
Во времето на Византискиот цар Алексиј I Комнен  богомилството се раширило  и на византискиот двор. Попот Василиј, водачот на богомилите бил запален на клада.

Запомни!
Богомилството се појавило во Македонија  во првата половина на X век и за средиште ги имало Велешко прилепските краишта.
На чело на богомилите соел попот Богомил
Богомилите верувале дека постојат две сили во природата кои се борат меѓу себе: доброто и злото 
Живееле во религиозни општини  на чело со најстариот и најугледниот член наречен дедо или дедец.



непознат збор: клада (Голем оган на определено место за јавно палење на осудени на смрт) 




No comments:

Post a Comment