Wednesday, March 4, 2015

ПОЛОЖБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА 1941-1944

Во периодот на Втората светска војна  во пииринскиот дел на Македонија  пукнала првата антифашистичка пушка  на Балканот 
По нападот на фашистичка Германија  против СССР на 22 јуни 1941 година во Пиринскиот дел на Македонија  веднаш почнале подготовките  за вооружен отпор против Фашизмот. Подготовките за вооружен отпор  биле забрзани со доаѓањето на  Никола Парапунов на чело на обласниот комитет на КПБ. Првата партизанска група  во Пиринско била формирана од Иван Козаров и Никола Парапунов во селото Добриниште (Разлошко). На 27 јуни 1941 година пет дена по нападот  на Германија против СССР, оваа партизанска група влегла во борба со полицијата. Ова всушност била  прва оружена акција  не само во Бугарија  туку и воопшто на Балканот.  Во 1942  година  партизанските групи ја прошириле својата активност. Вакви групи  биле формирани во Горноџумајската Неврокопската и Петричката Околија. Во 1942 година во Горна Џумаја  бил извршен  напад на германската станица за врски во центарот на градот.

Решенијата од  Првото заседание на АСНОМ  на кое учествувале и преставници  од Пиринскиот дел на Македонија имале голем одзив во Пиринскиот крај. Идеата за обединување со Вардарскиот дел била силно присутна  и кај Македонциите од овој дел на Македонија.
 Учествувајки во антифашистичката борба  македонците од овој дел  на Македонија  се надевале дека  по војната  Бугарија ќе им ги признае и ќе им ги гарантира  националните права.

Во 1944 година  со одлука на ЦК  на КПБ, партизанските одреди од Пиринскиот дел на Македонија  ја формирале  Четвртата востаничко оперативна зона, а подоцна  била формирана  и македонската бригада Јане Сандански.


Размисли и одговори
Кој имал главна улога  во започнувањето на  антифашистичката  и националноослободителната  борба  на Македонците  од Пиринскиот дел на Македонија?
Каков одзив имале решенијата  од Првото заседание  на Асном  во Пиринскиот дел на Македонија?
Кога и каде е формирана Македонската бригада јане Сандански?

No comments:

Post a Comment