Византија (Источно Римско Царство) е создадено со поделба на Римската империја на два дела во 395 година. Според името на градчето Византион, каде била подигната новата престолнина Константинопол, државата е наречена Византија. Византија се простирала на три континенти: Африка, Азија и Европа. Службен јазик бил латинскиот а подоцна станал грчкиот. Официјална религија во Византија било христијанството. Како држава со висока култура таа постоела илјада години. Имала влијание во ширењето на христијанството. При крајот на 1018 година Византија ја освоила цела Македонија, Во текот на XI век успешно се справила со востанијата во Македонија, но минувањето на крстоносците од крстоносните војни
значително ја ослабнала Византиската држава. Слабеењето на Византија се изразувало преку отцепување на крупните феудалци.
Потпаѓање на Византија под власта на Латините
Во Почетокот на XIII век Византија потпаднала под власта на крстоносците
при четвртиот крстоносен поход. Во 12о4 година била урната Византија и на
нејзино место биле создадени повеќе крстоносни држави познати како
латински држави. Со седиште во Констанопол -Цариград било создадено
Латинското царство. Градот Солун станал средиште на Солунско кралство,
познати биле и Епирското деспотство и Никејско царство. Латинските
држави воделе војни меѓу себе за тоа кој од нив да биде наследник на
Византското царство.
Обновување на Византиската империја
Дури во 1261 година било урнато Латинскато царство, и била возобновена
Византиската Империја. Но сега над Византиската држава се надвиснала
нова опасност. На источните граници како непријатели се јавиле Турците а
на Балканот значителен е подемот на Бугарското Царство и Србското
Кралство. Во првата половина на XIV век во Византија избувнала граѓанска
војна од која најмногу полза имале балканските држави. На Исток зајакнала
Османлиската држава
Потпаѓање на Византиската Империја под власта на Османлиите
Во XV век Византија била бледа слика од некогашната моќна Византиска
Империја. Повиците за помош кон западноевропските земји не дале
резултат, зашто и тие се плашеле од Османлиите. Византиското царсво
станувало се помало. Во април 1453 година пред ѕидините на
Константинопол, се собрала голема османлиска војска. За одбрана на градот
пристигнале 700 војници од италјанскиот град Џенова и мал број на војници
од западноевропските држави. Бранителите на Константинопол храбро се
бранеле. За да ги охрабри византискиот цар Константин XI Драгаш лично
учествувал во одбраната на градот. Ѕидините попуштиле Последната одбрана
била кај црквата св софија. Во одбраната на Константинопол загинал и
византискиот цар Константин XI Драгаш. Со паѓањето на престолнината
под власта на османлиите во 1453 година Византија престанала да постои.
По освојувањето османлиите градот го преименувале во Истанбул.
Византија како држава останала големо културно наследство, ималаогромно
влијание во ширењето на христијанството.
This comment has been removed by the author.
ReplyDeleteThis comment has been removed by the author.
Deleteфала
ReplyDeleteсупер многу корисно
ReplyDeleteГ-дин Педро и неговата компанија за заем беше апсолутно одлична за работа. Тој беше исклучително јасен, темелен и трпелив додека ја водеше мојата сопруга и јас низ процесот на позајмување. Тој исто така беше многу навремен и работеше напорно за да се увери дека се е подготвено пред да го затвори заемот.
ReplyDeleteГ-дин Педро е службеник за заеми што работи со група инвеститори кои ни помагаат да добиеме средства за да го купиме нашиот нов дом. Можете да контактирате со него ако сакате да добиете заем по прифатлива ниска стапка од 2% RIO Испратете му е-пошта . pedroloanss@gmail.com