Monday, March 21, 2016

ВОСТАНИЕТО НА СПАРТАК

Од 74 до 71 година пне,  на Апенинскиот полуостров се одвивало големо востание на робовите. Го започнале гладијаторите под водство на способниот гладијатор Спартак. Тој бил од Тракија и истакнувајки се со својата способност, бил одреден да ги вежба  гладијаторите во  гладијаторското училиште во Капуа

        

Востанието започнало со бегство на околу 70 робови гладијатори на планината Везув. Подоцна на нив им се придружиле и мноштво други робови и  незадоволни селани, па се зголемил бројот на над  60 000  востаници. Спартак востаничката војска ја организирал и извежбал по углед на римската, а оружје се стекнувало во битките.  По почетните успеси востанието се  проширило во цела Јужна Италија. Римјаните очекувале напад на Рим. Но намерата на востаниците била  да заминат кон своите родни краеви и да ја напуштат Италија. Робовите по потекло од Апенинскиот полуостров се спротиставиле на тие планови. Тие сакале борба за здобивање на лична слобода и земја, и да им биде признато правото на римски граѓанин. Подвоеноста и  недоразбирањата ги ослабнале силите на  востаниците. Спартак се откажал од напуштањето на Италија, а командантот на Риимската војска Марко Крас со една победа го пресекол  патот на востаниците  кон Сицилија. Во  71 година пне се одиграла решавачката битка . Робовите биле поразени. Спартак се борел храбро како што и живеел. Ранет во ногата, се борел клечејќи додека не бил убиен. Околу 6ооо  заробени робови биле  за пример  распнати на крстови  на патот од Капуа до Рим. Така со страотни последици завршило ова најмасовно робовскао востание во светската историја.

ЗАПОМНИ!
Во римската држава во најтешка положба се наоѓале робовите, посебно гладијаторите. Најголемотото робовско востание во светската историја, било востанието на Спартак од 74 до 71 година пне, кое завршило без успех.



No comments:

Post a Comment