Sunday, November 30, 2014

БОГОМИЛСКОТО ДВИЖЕЊЕ

Појава на богомилското учење
За прв пат богомилското движење се појавило во првата половина на X век  кога поголемиот дел на Македонија се наоѓал под бугарска власт на чело со бугарскиот цар Петар. Главен проповедник и водач на богомилите во Македонија бил  попот Богомил. Неговата дејност  главно се одвивала во велешко-прилепските краишта.

Богомилите го добиле името според основачот на движењето попот Богомил. така се нарекувале  затоа што сметале дека му биле мили на Бога, што значи Бого-мили.
Селото Богомила (Велешко) се поврзува со родното место на попот Богомил.
Планината Бабуна и реката Бабуна исто така се поврзуваат со богомилите бидејќи тие биле познати и под името бабуни. Богомилите биле прогонувани и од државата и од црквата, па затоа се собирале и се криеле  во пештерите кај село Нежилово.

Учењето и организацијата на Богомилите
Богомилите  верувале и ги учеле своите следбеници дека во природата постојат и се  борат две сили доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто. Лошата сила го преставувала  ѓаволот (творецот на земниот свет) а добрата Бог.
Според богомилите црквата е дело на ѓаволот и не ја признавале. Не ги признавале крстот, иконите, црквите манастирите, верските празници и тн. Ја признавале само молитвата Оче наш. Биле против државата и богатите  кои живееле раскошен живот. Поради ваквите свои ставови богомилите биле прогонувани од држават и црквата.
Тие учеле  дека во животот треба да се биде скромен, јаделе само растителна храна,  а јадењето месо и пиењето вино било строго забрането. Тоа го сметале за дело на ѓаволот.

Богомилите биле организирани во религиозни општини,  Општините се грижеле  за животот во заедницата и за зголемување на бројот на приврзаници. На чело на општините се наоѓал  најстариот и најугледниот член наречен дедо или дедец.  Богомилите се делеле на совршени (кои не се женеле и строго се придржувале на богомилските правила) и  обични богомили слушатели, верувачи кои не се придржувале на строгите богомилските правила.

ШИРЕЊЕ НА БОГОМИЛСТВОТО
Од Македонија богомилското движење се проширило  и  во дрѕгите балкански  и европски земји: Во Босна биле познати под името патарени, во Италија-катари, во Франција-албигојци. Уште во XI век богомилството ја зафатило и Мала Азија познати како торбоносци.
Во времето на Византискиот цар Алексиј I Комнен  богомилството се раширило  и на византискиот двор. Попот Василиј, водачот на богомилите бил запален на клада.

Запомни!
Богомилството се појавило во Македонија  во првата половина на X век и за средиште ги имало Велешко прилепските краишта.
На чело на богомилите соел попот Богомил
Богомилите верувале дека постојат две сили во природата кои се борат меѓу себе: доброто и злото 
Живееле во религиозни општини  на чело со најстариот и најугледниот член наречен дедо или дедец.



непознат збор: клада (Голем оган на определено место за јавно палење на осудени на смрт) 




Wednesday, November 26, 2014

ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА (1939-1945)

Втората светска војна е глобален вооружен конфликт што почнал на 1 септември 1939 во Европа  и траел до 9 мај 1945  со капитулацијата на Германија.  Речиси сите земји што биле вклучени во Првата Светска војна биле инволвирани и во Втората Светска Војна. Таа е најголемиот  вооружен конфликт  во светската историја.Избувнала како последица на спротивностите помеѓу големите сили.
Повод за почеток на војната во европа  било одбивањето на Полска, градот Данцинг на барање на Хитлер да и биде отстапен на Германија.На 1 септември 1939 Хитлер ја започнал германската инвазија со започнување на Блицкриг кампања врз Полска со што започнала војната во Европа


Напредокот на силите на Оската во 1940 година (во сина боја) во Европа.

ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА (1939-1945)
1. Причини за почеток на Втората светска војна
-фашизмот во Германија
-решенијата на Версајската конференција
-желбата за нова поделба на светот
-создавњето на воени блокови
-спротивностите меѓу големите империјалистички земји
2.Освојувањето на Фашистичките земји до почетокот на Втората светска војна
-Италија ја окупирала Етиопија
-Јапонија ја нападнала кина
-Германија ја присоединила Австрија и ја окупирала Чехословачка
3.Почеток на војната
-Втората светска војна започнала со напад врз Полска на 1 септември 1939 година
-април 1940 Германија ги нападнала Данска и Норвешка
-мај 1940 Германија ја нападнала Франција
-22 јуни 1941 Германија го нападнала СССР (планот Барбароса)
4. Тек на војната (1942-45)
-битката кај Сталинград - пресвртница во војната
-капитулацијата на Италија (8 септември 1943)
-успесите на пацификот
-пробивот на Источниот фронт
-денот Д (операција Оверлорд) Инвазијата на Нормандија
5. Капитулација на Германија и Јапонија
6. Последици од војната





Monday, November 10, 2014

НАСЕЛУВАЊЕ НА СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Од крајот на VI до средината на VII век целата територија на Македонија без Солун, била населена од Словените. Словенската колонизација во Македонија  била проследена со уништување  на македонските градови. За да се спасат од нападите, староседелците  ги напуштале градовите  и селата  и бегале во подобро утврдените  градови.
Во триесетите години на VII  век целата територија на македонија била населена со словенски племиња. Словенските племиња основале свои области кои се нарекувале склавинии. На чело на склавиниите стоеле племенски старешини-кнезови.

Monday, October 27, 2014

СОЗДАВЊЕ НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА

ДОАЃАЊЕТО НА БУГАРИТЕ И СОЗДАВЊЕТО НА ДРЖАВАТА
Во периодот од крајот на VI до средината на VII век и територијата меѓу реката Дунав и Стара Планина била населена од Словените. На оваа територија, која подоцна станала средиште на бугарската држава, се населиле повеќе словенски племиња. Од нив познати се Северјаните и група обединети племиња во сојуз познат како Сојуз на седумте племиња. Староседелците Тракијци, постепено биле претопени од побројното словенско население.
Од втората половина на VII век се засилил процесот на обединување на словенските племиња во единствена држава. Но овој процес  на обединување на словенските племиња, бил прекинат со доаѓањето на Бугарите (кои дошле од северното крајбрежје на Црно море).
Опасноста од Византија  го натерала „Сојузот на седумте племиња„ заеднички да војуваат со Бугарите. Како резултат на тоа дошло до потесно зближување на Словените и Бугарите, и создавање на словенско-бугарска држава. Во 681 година  Византија ја признала словенско-бугарската држава, а на нејзино чело застанал  ханот Аспарух.
Градот Плиска станал престолнина на Бугарија. Словенските племиња го сочинувале мнозинството од  населението, а Бугарите биле малцинство. Бугарите постепено се слеале со словенското население, а го  наметнале своето име, и државата била наречена Бугарија.
ПРОШИРУВАЊЕТО НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА
Од почетокот словенско-бугарската држава главно водела одбрамбени војни со Византија. Со доаѓањето на престолот на ханот Крум, Бугарија почнала да ги шири границите. Тој ги поразил Византиците  и ја освоил Софија. Границите на Бугарија ги проширил во Тракија до Стра планина. За време на владеењето на кнезот Борис  Бугарската држава се проширила на поголемиот дел од Македонија, Србија и Јужна Албанија. За време владеењето на кнезот Симеон, Бугарите воделе војна со Унгарците, Србите и Византија. Тој ги проширил границите на својата држава за сметка на Византија. По големите територијални придобивки Симеон се прогласил за цар во 913 година. Неговиот син Петар кој го наследил на престолот во 927 година, склучил договор за мир со Византија и ја принудил да му плаќа данок. Петар бил признат за цар  од византискиот император, со што Византија и официјално го признала Првото Бугарско Царство со престолнина во Преслав. По неговата смрт Борис II бил немоќен да ја зачува државата. Бугарија била нападната од Русите, а Византискиот цар ги протерал русите и го заробил  царот Борис II. Со тоа пропаднало Бугарското Царство.


ЗАДАЧА!
1. Кои словенски племиња се населиле  на територијата  на денешна Бугарија кон крајот на VI и почетокот на  VII век?
2.Кое староседелско насаеление го затекнале Словените на просторот меѓу Дунав и Стара Планина?
3. Во втората половина на VII век Словените во Бугарија биле нападнати од Бугарите. Опиши го нивното потекло.  
4. Зошто Бугарите го примиле христијанството?

Friday, October 17, 2014

СТАРАТА ЕГИПЕТСКА ДРЖАВА

                                                             ПРИРОДНИ УСЛОВИ И НАСЕЛЕНИЕ


Во средниот и во долниот тек на реката Нил многу рано се појавиле првите заедници на луѓето. Областа околу реката Нил е пустинска, но долината на реката е многу плодна. Оваа река играла голема улога во животот на Египјаните. Поради тоа, луѓето ја сметале реката Нил за извор на животот во Египет и ја почитувале како божество. Населението претежно се занимавало со земјоделство и сточарство, но биле развиени и други занимања.



ИРИГАЦИОНИ СИСТЕМИ 
(системи за одводнува и наводнување)
 Нил  често се излевал и ги поплавувал посевите. за да се одбранат од надојдените води старите Египјани граделе брани насипи и канали за одводнување. Меѓутоа по поплавите настапувал период на  долготрајна суша, тогаш земјата пукала а посевите се сушеле. За да ги сочуваат посевите, Египјаните граделе канали за наводнување и вештачки акумулации. Еден човек неможел тоа да го изгради. затоа тие се здружувале и заеднички работеле на одржувањето на системите за наводнување. Само така можеле да опстанат во борбата со полавите и сушите, и на тој начин тие обезбедувале  две до три жетви  во годината. На иригационите системи најмногу работеле робовите и селаните.

ДА ПОВТОРИМЕ...
• Зошто Египјаните го  сметале Нил за божество?
• Каков бил системот за наводнување во Египет? За што служел?

ЗАНАЕТЧИСТВО И ТРГОВИЈА
Во Египет се развиле бројни занаети. Најважни биле градежништвото, грнчарството, бродоградбата, ткаењето платно, правењето музички инструменти, правењето папирус – материјал на кој пишувале, правењето накит и украсни предмети од злато, сребро и други метали.
Египјаните граделе величествени гробници
за владетелите, наречени пирамиди. Со својата големина и изглед, пирамидите ги восхитувале луѓето во минатото, а ги восхитуваат и денес.
Занаетчиските производи ги користеле самите Египјани и ги разменувале меѓу себе. Но, еден дел од нив се разменувал за руда и за други производи со соседните и со подалечните народи. Така се развила трговијата со другите народи.
Египет бил голем производител на жито. Тој извезувал жито и го разменувал, најмногу за метали. Реката Нил била пловна река и имала голема улога во трговијата на Египет.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОПШТЕСТВОТО И ДРЖАВАТА
На чело на египетската држава стоел владетел наречен фараон. Тој бил почитуван како бог, син на врховниот египетски бог Амон Ра. Фараонот бил сопственик на целата земја.
Населението на Египет се делело на повеќе слоеви. Најбогатиот слој на
населението го сочинувале најблиските роднини и соработници на владетелот, војсководците, богатите службеници и свештениците. Тие живееле во убави и големи куќи – палати и дворци, а свештениците во храмови. Побогатите луѓе имале изобилство од храна, биле раскошно
облечени, носеле убави и скапоцени накити.
Во градовите живееле и други слободни луѓе: трговци и занаетчии. Селаните биле најброен слој од населението во Египет. Тие работеле на своите имоти, но и на имотите на побогатите Египјани.
Најтешка била положбата на робовите.
Тие работеле во куќите на нивните господари, на градилиштата, во рудниците, како веслачи на
бродовите и на други места. Во Египет многу била почитувана жената – домаќинка во семејството. Египјаните себеси се именувале по мајката, а не по таткото. Жената во Египет можела да стане владетелка на државата. Египетската држава била формирана околу 3200 години пред н.е. Тогаш две помали држави: Долен и Горен Египет се обединиле во една голема држава.
Круната на фараонот била составена од два дела, во две бои: бела и црвена. Тоа го симболизирало обединувањето на двете држави во една. Според старите преданија, фараонот што го обединил Египет се викал Менес. Фараонот имал најголема поддршка од свештениците и од војската. Се верувало дека фараонот, по неговата смрт, ќе продолжи да живее во задгробниот свет. Затоа во неговата гробница се ставале најразлични предмети, покуќнина и храна, а на внатрешните ѕидови се цртале слики на кои биле претставени сцени од животот на фараонот.
Египјаните верувале дека сето тоа ќе му служи на владетелот во задгробниот живот. Многу често, на овие слики фараоните и нивните жени биле претставувани заедно со некој бог или божица.
Со извесни прекини, египетската држава опстојувала се до 31 година пред н.е., кога потпаднала под римска власт.

ДА ПОВТОРИМЕ...
• Какви биле природните услови во Египет?
• Кои занаети биле развиени во Египет? Имало ли трговија?
• Какво било општественото уредување на Египет?
• Зошто фараонот го крунисувале со две круни?
• Под чија власт потпаднала  египетската држава?


,




Tuesday, September 23, 2014

НЕОЛИТСКА (ЗЕМЈОДЕЛСКА) РЕВОЛУЦИЈА

...Неолитската револуција исто така го промени начинот на живеење на луѓето. Наместо малите и расфрлани ловечки заедници, фармерите живееле во села. Неколку села кои биле во близина прераснувале во помали градови, кои подоцна израснале во големи градови. Неолитската револуција ја овозможила појавата на цивилизацијата (Стариот  Блиски Исток).
Во самите села гратчиња и градови било можно за луѓето да одберат професија односно да се специјализираат за една работа која ја работеле најдобро. Многу од нив престанале да произведуваат храна, место тоа почнале да произведуваат алатки и други работи кои им биле потребни на земјоделците, за кои пак добивале храна од земјоделците (се разменувале). Овој процес на размена довел до појавата на трговци и трговија и порастот на оваа размена или трговија пак овозможила уште повеќе луѓето да се специјализираат за .......

1.       Именувај една придобивка од Неолитската револуција врз основа на пасусот (дел од текст) погоре.____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________         




Моето име е Кирил, јас сум ловец. Јас обично во денот поминувам големи растојанија за да си ја обезбедам храната......
Јас продолжив да ловам, иако голем број од моите пријатели се откажаа. Тие научија да садат растенија и да чуваат (одгледуваат) животни.Тие живеат во куќи направени од цигли, камен и трева.
Еден ден додека се враќав од лов, случајно поминав покрај нивата на моите пријатели  Вера и Самоил......
„Гледај, како добро живееме,“ рече Вера. „Имаме сигурен извор на месо, волна , млеко и зеленчук. Всушност имаме се што ни е потребно “.........
„Нас не ни е страв, ни пак сме гладни.Сите заедно работиме и си помагаме меѓусебе. Некој ја обработува земјата, некој прави алати и оружје, некој се грижи за животните. Нашите производи ги разменуваме (тргуваме) со останатите села. Ти би требало да се откажеш од ловењето и да ни се придружиш Кирил. Би имал подобар живот“.
Ги напуштив моите пријатели и продолжив да ловам за храна.Но во последната недела, секоја ден  се враќав од лов со празни раце. Ми беше ладно, бев изморен  и гладен.......
                                                                                             


2.       Врз основа на пасусот погоре, кој се  недостатоците (или неповолните околности) во ловењето за храна. __________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Sunday, September 21, 2014

ВАЗАЛЕН ОДНОС

Koн крајот на  VIII век, со воспоставувањето на феудалното уредување во Франкската држава дошле до израз и вазалните односи. Феудалците почнале да се опкружуваат со вазали. Тоа биле слободни селани кои доброволно стапувале во служба кај крупните феудалци, од кои добивале ситни поседи земја и на тој начин  воспоставувале вазални односи. Притоа, вазалот се обврзувал да ги заштити феудалните поседи на својот господар, неговата лична безбедност, како и на неговото семејство.

Феудална пирамида- хиерархија

Државата на Франките

Франките биле дел од германските племиња кои живееле  на територијата меѓу реките Рајна и Шелда. За време на Големата преселба на народите во втората половина на IV  век, Франките почнале помасовно  да ја преминуваат реката рајна и да ги напаѓаат и освојуваат  римските владенија  во провинцијата Галија.
 
До крајот на V век франкскиот водач Клодовик, целосно  ја освоил Северна Галија. Тој ги обединил сите франкски племиња  во единствена држава и ја уредил како кралство. Во зацврстувањето на својата власт, значајно место и  дал на христијанската религија. Тој наредил да се покрстат сите негови поданици од Римската црква, и самиот примајки го христијанството. За сето тоа црквата ја удостоил со  големи имоти и привилегии. Клодовик успеал да ги победи Визиготите(Западните Готи) и да ја прошири државата  и во Јужна Галија. На тој начин тој  го претворил Франското кралство  во најмоќна западноевропска држава.
Франската држава својата најголема слава ја достигнала за време  на владеењето на  Карло Велики (768-814). Тој  војувал против германските и словенските племиња. Ја проширил државата кон Италија, Германија и Шпанија. Така биле создадени услови државата да прерасне во царство. Во 800 година  во црквата св.Петар во Рим, папата го крунисал Карло Велики за цар (а неговата држава  била наречена Света Римска Империја). Оттогаш  Карло Велики  почнал да се смета себеси за  наследник на римските императори. По смртта на Карло Велики дошло до слабеење и распаѓање на  државата. Од неа се создале новите европски држави: Франција, Германија и Италија.
Улогата на Христијанската црква. Во втората  половина на VIII век на запад дошло до влијанието на Римската  црква. Тогаш во средна Италија  била создадена  Папската држава. Меѓу црквата и државата на Франките  постоел таен сојуз и соработка. Црквата влијаела врз целокупниот живот на луѓето.
Меѓу Источната и Западната црква  постоело големо соперништво. Во 1054 година дошло до конечна поделба на  Западна и Источна црква. Источната црква почнала да се нарекува православна,  а верниците православни, Западната црква -католичка, а верниците католици.
Културата во државата на Франките
За време на преселбите на народите, културниот живот сосема замрел. Во време на владеењето на Карло Велики се обновил културниот живот во државата. Карло Велики иако бил неписмен, настојувал чиновниците и феудалците  што го опкружувале да се здобијат со образование. затоа на својот двор  повикал учени луѓе и  основал „дворска академија„ . 
На дворската академија се читале и објаснувале дела  од античките писатели, се учел латинскиот јазик и сл. Овде Карло Велики научил да смета, учел да чита и настојувал  добро да научи да пишува. Сето тоа  тешко му одело бидејќи бил во години.
Во манастирите се отвориле голем број на  црковни училишта. Во времето на Карло Велики била развиена и архитектурата. Тој градел цркви и дворци, украсени со  фрески и скулптури. До денес е зачувана катедралата во Ахен-престолнината на Карло Велики.

Запомни! Државата на Франките  била создадена  во крајот на V век, на територијата на Галија, Северна Франција, од кралот Клодовик. Најголема моќ  таа достигнала за време на Карло Велики, кој во 800 година бил прогласен за цар(император) од римскиот папа и државата била наречена Света Римска Имерија.